Програмата „Huawei Seeds for the Future“ постои од 2008 година, а во Македонија се одржува по трети пат. Добитниците на ваучерите од Факултетот за информатика, Дарко Цебов и Ивана Цебова, ќе престојуваат во Кина на двонеделна студиска посета, каде што ќе имаат можност да ги надградат своите знаења.
Посакувајќи им успешен престој во Кина, министерот Манчевски истакна дека ова ќе биде позитивно искуство за студентите бидејќи тие ќе имаат можност да видат во пракса сѐ што научиле за време на студиите. ИКТ струките во Македонија произведуваат квалитетни кадри, кои понатаму имаат можност да добијат вработување насекаде во светот. Сепак, министерот Манчевски им порача на студентите по завршувањето да се обидат да успеат овде, во Република Македонија.