AWS Educate им овозможува на студентите пристап до облак ресурсите на Амазон. Како членови на програмата, факултетот доби кредити за секој студент којшто го следи курсот облак технологии. Целта на програмата е студентите да научат да користат ресурси складирани во облак центрите на Amazon, како складирање на бази, веб апликации, користење на виртуелни машини и др. и со тоа да ги подготви за подесување на реални проекти во облак сервиси. Амазон веб сервисите се користени од преку еден милион компании, меѓу кои Vodafone, Siemens, Netflix, Ryanair, Adobe.
На следниов линк можете да погледнете видео во кое професорот Закари Ивес објаснува како тие го користат Amazon Educate за академски потреби на Универзитетот во Пенсилванија:
https://www.youtube.com/watch?v=0CuMr4pya2o
Студентите кои сакаат да бидат вклучени во програмата можат да испратат електронска пошта до доц. д-р Светлана Кордумова-Трајанова, каде што ќе наведат и која е причината што сакаат да научат Амазон облак технологии.