(Видео) Дебата меѓу студентите за добрите и лошите страни на социјалните мрежи

Социјалните мрежи станаа составен дел од животот на младите, со сите позитивни и негативни страни од нив. Дали социјалните мрежи имаат повеќе позитивни или негативни страни беше предмет на дебатата што се организираше на Правиот факултет при УГД во рамките на предметот Социологија на комуникации под менторство на проф. д-р Страшко Стојановски.

  • Во рамките на практичните вежби и активности секоја година организираме низа дебати. Дебатите ги правиме во Попер стил, при што има два тима и двата тима застапуваат различна страна на иста тема. Во случајот тимовите ја бранат тезата дека социјалните мрежи имаат позитивно, односно негативно влијание врз развојот на младите - изјави проф. д-р Страшко Стојановски.

Студентите кои дебатираа се во прва година на Правниот факултет при УГД, а во текот на следните години студентите ќе учествуваат на повеќе дебати и на симулирани судења.

  • Нашата тема е за позитивното и негативното влијание на социјалните мрежи. Сметаме дека социјалните мрежи имаат позитивно влијание во процесот на образование на младите и во економијата на општествата - изјави Тамара Миладинова од тимот на афирмативците.

Другиот тим, пак, сметаат дека социјалните мрежи се негативност во процесот на развој на младите и дека нивната употреба треба да биде драстично намалена.

  • Сметаме дека социјалните мрежи нѐ одделуваат од реалниот живот. Даваат големи можности, но сепак придонесуваат младите да бидат оттргнати од реалниот живот - изјави Алмира Јахјаова, студент од тимот на негативците.

Дебатата се организираше во свечената сала на Правниот факултет, а целосно може да се најде на каналот на УГД на Јутјуб – www.youtube.com/ugdstip

Видео

Последен пат изменето на Понеделник, 10 Декември 2018 15:14
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…