На натпреварот учествуваа докажани и млади шефови на кујни, асоцијации на жени од Македонија, студенти од факултетите за туризам и угостителство, како и ученици од средните туристичко-угостителски училишта. Жирито на натпреварот беше составено од шефови од Гастромак, искусни професори од средните и високите гастрономски институции. Натпреварот се одржа во две категории – национална трпеза и овошна салата. Во категоријата „Креирај сам овошна салата и наслови ја со твоето име“ учествуваа најмладите учесници средношколци и студенти. Сите учесници располагаа со исти намирници (овошје) и од нив секој учесник креираше своја овошна салата.
На овој натпревар Факултетот за туризам и бизнис логистика доби пехар за успешна соработка со Гастромак. Студентите од ФТБЛ освоија и пехар и сребрен медал - Второ место за национална трпеза. Во категоријата „Приготвување овошна салата“ беа наградени студентите: Марија Џингарска – 3. место бронзен медал; Александар Нацов – 2. место сребрен медал; Рената Трајчевска – диплома и Александар Неделковски – диплома.
Целосна репортажа од гастрономскиот натпревар ќе биде прикажана во телевизиската емисија со гастрономска тематика „Вкусот на традицијата“, која се емитува на Алфа ТВ.