УГД на Генералното собрание на Western Balkans Alumni Association

Во периодот од 14 до 16 март 2019 година координаторката на програмата „Еразмус плус“, Сања Стефанова, заедно со пет Еразмус плус алумни студенти на УГД присуствуваа на I Генерално собрание на Western Balkans Alumni Association во Тирана, Албанија.

Станува збор за иницијатива на Европската комисија што ќе им овозможи на сите студенти од земјите на Западен Балкан кои биле на студиски престој преку  програмата „Еразмус плус“ или на некоја друга иницијатива во склоп на „Еразмус плус“ да бидат дел од асоцијацијата и да придонесат во развојот на високото образование во регионот.

На Собранието учествуваа 170 учесници од земјите од Западен Балкан, каде што дискутираа за предизвиците на програмата „Еразмус плус“ и високото образование, генерално. Нашите претставници имаа можност да работат во различни групи и воедно да ги споделат своите идеи за идните проекти во склоп на асоцијацијата. Координаторката Сања Стефанова доби мандат за национален претставник во бордот на организацијата од две години и ќе ја претставува нашата држава во делот за Едукација, култура, млади и спорт при Европската комисија.

Повеќе информации за асоцијацијата и за тоа како и кој може да се приклучи во истата можете да пронајдете на следниов линк:
https://www.western-balkans-alumni.eu/

За тековната година се планирани различни обуки и тренинзи, а нашиот Универзитет ќе биде домаќин на правиот тренинг семинар.


Последен пат изменето на Понеделник, 18 Март 2019 15:11
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…