- Овој потпишан Меморандум ќе значи можност за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и шанса за понатамошно вработување во нашите компании – изјави Мартин Петровски, менаџер на германскиот деск „Проспертоп“.
Деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Кузмановска, изјави дека ова ќе биде многу добро за студентите на Филолошкиот факултет и се надева дека тоа ќе ги задржи младите во државата:
- Германскиот деск е подготвен да им овозможи платена пракса во парните семестри. Тие се обврзуваат да понудат различни видови на обуки во делот на англистиката, германистиката и италијанистиката и најпрво ќе се запознаат со овие вештини.
Сите заинтересирани студенти можат да ја посетат нивната веб-страница - prospertop.mk и да се информираат повеќе.