Сања Стефанова од Центарот за меѓународна соработка на УГД-Штип вели дека најголем дел од овие студенти се на факултетот за Медицински науки, а ги има и на Правeн, Економски, Машински и на останатите факултети.
- Секоја година нивниот интерес е различен, но би рекла Медицинскиот факултет како секогаш има најголем интерес и за нашите студенти и за оние кои доаѓаат, вели Стефанова.
Таа информира дека штипскиот Универзитет го распиша и новиот конкурс за студентите, кои студираат на еден од факултетите за Еразмус плус програмата.
- Ги повикувам сите студенти од прв, втор и трет циклус на УГД-Штип да аплицираат и да се пријават на новиот Еразмус плус конкурс, којшто ќе трае до 20 март, рече Стефанова.
Заинтересираните студенти, но и наставниот кадар условите можат да ги видат на веб страницата на Универзитетот „Гоце Делчев“ . Посочи дека договори за ваква студентска размена имаат склучено со над 400 универзитети.
Странските студенти велат дека Универзитетот „Гоце Делчев“ го избрале по препорака на нивните колеги кои веќе биле дел од оваа програма. Забележуваат дека им се допаѓаат Балканските земји, нивната култура и храна. (Штип, 27 февруари 2020 (МИА)
Дел од изјавите и импресиите на студентите погледнете ги во видеото во продолжение.
Еразмус плус програма