Доставување на документи за упис на УГД во текот на целото лето

Уписите на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за академската 2020/2021 година веќе се во тек.

Поради актуелната здравствена криза со ковид 19, а во согласност со мерките за заштита на здравјето на граѓаните, УГД два месеци ќе има отворена електронска платформа на која кандидатите ќе можат да се пријавуваат за некоја од студиските програми. Во зависност од развојот на безбедносната состојба со здравствената криза, на крајот од август ќе се одлучи дали ќе се реализираат и уписи со физичко присуство, но за да се одговори на актуелниот момент УГД овозможува документите да се доставуваат во текот на целото лето. Независно на кој факултет се пријавиле преку електронската платформа, кандидатите можат потребните документи да ги достават на една од следниве локации секој работен ден од 9 до 11 часот.

За време на одморите 20.07 до 10.08 документите ќе може да се доставуваат:

  • Штип – Книжарница на Факултетот за образовни науки;
    Секој ден од 9-12 во тек на цело лето

 

  • Струмица – Наставен центар на УГД, ул. „Гоце Делчев“ бб (Студентски прашања);
    Понеделник 20.07 од 9-12
    Понеделник 27.07 од 9-12
    Вторник 04.08 од 9-12

 

  • Скопје – Наставен центар на УГД, бул. „Александар Македонски“ 24 (Студентски прашања);
    Понеделник 20.07 од 9-12
    Понеделник 27.07 од 9-12
    Вторник 04.08 од 9-12

 

  • Кавадарци – Наставен центар на УГД, ул. „Шишка“ 25 (Студентски прашања);
    Понеделник 20.07 од 9-12
    Понеделник 27.07 од 9-12
    Вторник 04.08 од 9-12

 

  • Гевгелија – Наставен центар на УГД, ул. „7 Ноември“ бб (Студентски прашања).
    Понеделник 20.07 од 9-12
    Понеделник 27.07 од 9-12
    Вторник 04.08 од 9-12

 

Сите потребни информации за уписите на УГД можат да се најдат на линкот:

УПИСИ 2020/21

Кандидатите можат да се обратат и со прашања на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., како и на телефон 032 550 840 (секој работен ден од 9 до 12 часот до 20.7.2020 г., како и по 15.8.2020 г.).

Последен пат изменето на Петок, 17 Јули 2020 12:09
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…