Семинарот имаше за цел да се поттикне крводарителството кај студентската популација и да се подигне свеста кај младите за значењето на оваа активност. Учесници од УГД беа: Сара Крстева и Илија Ивановски студенти на Факултет за медицински науки, Давид Ѓорѓиев, студент на Факултетот за информатика и Мирко Наџаков од Правниот факултет на УГД.
Студенти од УГД на семинар со Црвен крст Штип на тема Крводарителство
- - Окт 20, 2020
Неколку студенти од Универзитетот „Гоце Делчев“ изминатиот викенд беа дел од тридневниот настан организиран од Црвен крст Штип. Настанот насловен како „Семинар за мотивација и унапредување на доброволно крводарителство во РС Македонија со студентска популација“ се одржа во центарот „Солферино“ во Струга, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Одбележен под