Повик за учество во онлајн спортски предизвик

Почитувани студенти на УГД,

Пандемијата ни ја ограничи можноста за движење, но не и мотивацијата, спортскиот и натпреварувачкиот дух. За да го потврдиме тоа, ве повикуваме да се приклучите во Меѓународниот универзитетски виртуелниот спортски предизвик организиран од страна на Универзитетот во Антверпен – Белгија. Регистрирајте се на линкот и вклучете се во еден од трите виртуелни предизвици во фудбал, одбојка и кошарка.

Кои се предизвиците?

Предизвик 1: Футсал предизвик (Futsal Challenge)

Задржете ја топката високо на едно стапало (лево/десно). Максималниот број на повторувања кои можете да ги направите наизменично со лева/ десна нога во времетраење од 30 секунди се брои како резултат. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/1xdmSRTo7Jk.

Предизвик 2: Предизвик кошарка (Basketball Challenge)

Со дриблинг со топката помеѓу нозе направете 8. Бројот на повторувања во кои правите фигура 8 во времетраење од максимум 30 секунди во континуирано движење без прекин се евидентира како резултат. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/6SYIopK-o2k.

Предизвик 3: Предизвик одбојка (Volleyball challenge)

Задржете ја топката високо и со потфрлање покрај телото наизменично одбивајте ја топката со подлактница и над глава со прсти. Бројот на континуирани повторувања на комбинацијата во период од максимум 30 секунди се евидентира како резултат. Погледнете го видеото на линкот со објаснување за предизвикот https://youtu.be/vyIoMxmWhjA.

Како да се учествува?

Пријавување:

  • 10.11 2020 година - Регистрација на посочениот линк
  • 12.11 2020 година - Краен рок за поставување на снимените видеа на Facebook и Instagram
  • 13.11 2020 година - објавување на резултатите (индивидуални и рангирање по универзитети).

Право на учество имаат сите редовни и вонредни студенти на УГД.

За сите дополнителни информации пишете на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ви посакуваме многу успех!

Последен пат изменето на Среда, 04 Ноември 2020 13:47
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…