- Оваа година имаме 20 студенти, од Италија, Шпанија, Полска, Турција, Германија, Словачка, кои ќе бидат дел од едукативната средина на нашиот Универзитет. Тие ќе имаат можност да ја следат наставата онлајн, но и да имаат состаноци со професорите. Со оваа средба им посакуваме добредојде, да се запознаат со македонската култура и традиција, и да бидат дел од нашата Еразмус дружба. Како Одделение за меѓународна соработка ќе се потрудиме да им понудиме повеќе содржини и настани, за овие студенти да се чувствуваат како дел од оваа навистина добра програма. Најмногу студенти има на Факултетот за медицински науки, но и на Машинскиот, на Информатика, Филолошкиот, Факултетот за образовни науки и на Економскиот и Правниот факултет – изјави м-р Сања Стефанова од Одделението за меѓународна соработка на УГД.
Што се однесува на студентите од УГД, оваа година 30 студенти одат на Еразмус размена, некои од нив веќе заминаа на европските универзитети кои ги избраа.
Студентите кои во наредните месеци ќе бидат дел од УГД, Штип и Македонија, изјавуваат дека дел од нив за УГД дознале од листата на универзитети со кои нивната институција имала соработка, но дел од нив дознале по препорака на колеги кои веќе престојувале на УГД.