Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 до 18 часот, а официјалното отворање ќе се одржи во 12.30 ч., од страна на Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, амбасадор на Франција во РМ.
Овогодишното издание на Саемот на студии ќе понуди разновидна програма и присуство на претставници или алумни на околу 30 француски универзитети, кои ќе бидат присутни за разговор со заинтересираните. Воедно, предвидена е и програма за онлајн разговори со македонски студенти, кои во моментов престојуваат во Франција.
Новитети на овој Саем се:
- промоција на новата Програма за пракса во успешни француски компании „Идни професионалци“,
- јазичното интерактивно катче „Провери го твојот француски!“, каде што посетителите преку квизови и разновидни забавни активности ќе можат да го проверат нивото на познавање на францускиот јазик.
Кликнете ОВДЕ за да се информирате повеќе околу настанот и програмата.