Доколку сте заинтересирани за реализација на праксата, потребно е да ги исполните следниве услови:
- да сте студент на додипломски студии (пожелно е од повисоките години, но ќе се земат предвид и пријавите на студентите од I и/или II година) или да сте студент на постдипломски студии (невработени);
- да имате солидно познавање на англискиот јазик;
- познавање на MS Office пакетот;
- позитивен пристап и мотивираност;
- подготвеност за работа и тимски дух.
Времето на реализација на практичната настава е во траење од еден месец до три месеци.
Доколку сте заинтересирани за практична настава во нашата штедилница, доставете барање на мејл адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., заедно со CV и податоци за департман и година на студии, контакт телефон и контакт мејл, со назнака: За практична настава во Штедилница „ФУЛМ“. Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен круг ќе бидат контактирани.