Национална награда за волонтерство за 2015 година

Националниот совет за развој на волонтерството и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија доделуваат Национална награда за волонтерство за 2015 година.

Наградата се доделува во четири категории:

  • Награда за волонтер на годината (физичко лице);
  • Награда за организатор на волонтерска работа (правно лице);
  • Награда за волонтерска практика (правно лице);
  • Награда за медиуми (правно лице).

Целта на наградата е да го промовира волонтерството кај пошироката јавност, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира кон понатамошно унапредување и развој на волонтерството.

Воспоставувањето на годишната национална награда за волонтерство е дел од мерките предвидени во Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2010-2015), донесена од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Пријавите се доставуваат преку електронска пошта со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или по пошта (во затворен плик) со забелешка: Пријава за Национална награда за волонтерство 2015 година на адреса: Министерство за труд и социјална политика на РМ, ул „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје.

Можете да се пријавите најдоцна до 19 ноември 2015 година, до 16 часот.

Официјален повик

Последен пат изменето на Петок, 13 Ноември 2015 16:11
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…