Целосни стипендии за студии во Романија

Романската влада доделува стипендии за додипломски, мастер и докторски студии за апликанти кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ. Романија ќе додели вкупно 85 стипендии на студенти кои ќе се запишат на прв, втор и трет циклус студии.

Стипендиите вклучуваат целосно покривање на трошоците за студирање и сместување, како и дополнителни 65 евра месечно за останати трошоци.

Во селекција на кандидатите приоритет ќе им се даде на апликантите кои конкурираат на факултети од областа на политичките, образовните, културолошките, уметничките, медицинските и техничките науки.

Крајниот рок за аплицирање е 15 март 2016 година, а за детални информации и начинот на аплицирање можете да се информирате од следниов линк.

Извор: www.mladiinfo.eu 

Последен пат изменето на Вторник, 01 Декември 2015 16:12
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…