Најдобриот млад научник ќе одржи предавање на УГД

Во рамките на промоцијата на признанието „Најдобар млад научник“ кое го доделува Претседателот на Република Македонија за врвни постигнувања во науката на лица до 30-годишна возраст, добитникот на признанието за 2014 година Даниел Денковски одржува предавања во рамките на јавните универзитети во Република Македонија.

 

Предавањето  од областа на електротехниката на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе се одржи во петок 18 декември 2015 година, со почеток во 11 часот во свечената сала на Кампус 2 - трети кат.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…