Со цел да се промовира романскиот јазик и култура, Министерството за образование одлучи дека стипендиите ќе бидат доделени за студии само на романски јазик. Кандидатите кои не го познаваат јазикот ќе имаат можност да поминат една година во изучување на јазикот пред да започнат со студиите. Кандидатите кои го познаваат романскиот јазик ќе мораат да поминат јазичен тест кој ќе биде организиран од страна на компетентни високообразовни институции.
Крајниот рок за аплицирање е 15 март 2016 година, а сите останати информации се достапни на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија.
Извор: www.mladiinfo.eu.