Награда за социјално претприемништво 2016

„Млади инфо“ по вторпат го организира лиценцираниот избор за награда за социјално претприемништво 2016, а македонските студентите можат да бидат креатори на својата иднина и со социјалното претприемништво како нов бизнис модел да му помогнат и на нашето општество.

Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми. Основната цел на наградата е да се зголеми интересот меѓу младите за социјалното претприемништво и преку него тие да ги спознаат можностите за развојот на сопствената кариера.

Наградата за социјално претприемништво е најголемиот Европски проект за студентите на тема претприемништво. Проектот е основан и инициран од страна на Универзитетот за бизнис и економија во Виена и Impact Hub, а мисијата е да го промовира социјалното претприемништво меѓу студентите.

Проектот е сочинет од три дела: едукативен дел, натпревар и наградување, како и инкубација на победникот со цел понатаму да ја развива својата идеја. Едукативниот дел ќе се реализира во периодот од февруари до април 2016 г., со организирањето на шест работилници во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и Штип. Учесниците на работилниците ќе имаат можност да ги спознаат основите на социјалното претприемништво, да ги развијат своите бизнис идеи од почеток, како и да ги доведат до фаза каде што истите може да се имплементираат.

Покрај работилниците, младите и студентите ќе имаат можност да учествуваат на објавениот конкурс за најдобри бизнис идеи со социјална содржина, кои имаат потенцијал да направат најголема општествена промена. Со помош на стручно жири ќе бидат избрани три победнички идеи. Вкупниот фонд за наградите во Македонија изнесува 6.000 евра, патување во Виена за најдобрите тимови, менторство, инкубациски период и многу други можности.

Едукативната компонента на Наградата за социјално претприемништво е сочинета од серија работилници кои ќе се одржуваат во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола и во Штип.

Повеќе информации можете да добиете на веб-страницата socialimpactaward.mk\

Последен пат изменето на Петок, 22 Јануари 2016 11:07
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…