Млади: Вие сте чувари на демократијата

„Youth Democracy Watch - Младите, чувари на демократијата“ е проект на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на проектот е да го зголеми учеството на младите во демократскиот живот и демократските процеси.

Целна група се младите од цела Македонија на возраст меѓу 16-30 години, кои имаат интерес и амбиција да се залагаат и да ги бранат правата на младите во иднина.

Првата тренинг сесија на тема „Демократските принципи и практики“ ќе се одржи на 27 февруари (сабота), во 11 часот, во Едукативниот тренинг центар на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“. Обуката е бесплатна, а дополнително ќе бидат надоместени и патните трошоци на учесниците во рамки на цела Македонија.

Доколку сакате да се стекнете со знаење за демократските принципи и практики во Македонија и во целиот свет прклучете се и станете член на младите чувари на демократијата. Повеќе информации може да се најдат на: https://www.facebook.com/events/453201264887807/.

За сите дополнителни информации можете да испратите електронска порака на адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Последен пат изменето на Понеделник, 08 Февруари 2016 15:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…