„Гугл“ организира хакатон во Македонија на кој може да учествуваат сите студенти

Државниот универзитет во Тетово заедно со компанијата „Гугл“ организираат студентски хакатон на кој ќе можат да учествуваат студенти од цела Македонија на сите студиски програми. Станува збор за настан кој ќе биде поддржан од „Гугл“ и воедно на настанот ќе се презентираат можностите на оваа компанија. 

На настанот ќе биде присутна Маргарет Фортни од компанијата „Гугл“ која воедно ќе презентира и можности за стипендирање од страна на компанијата.

На хакатонот можат да се пријават студенти од сите циклуси на студии, како индивидуалци или како група од најмалку двајца студенти. За да се пријават  е потребно да испратат име на учесникот или групата, име на софтверот или проектот на кој планираат да работат, краток опис на проектот и сето тоа да се испрати на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Крајниот рок за аплицирање е 24 февруари, а повеќе информации можат да се најдат и на Фејсбук настанот.

Хакатонот ќе се одржи на 25 февруари во објектот на Ректоратот на Државниот универзитет во Тетово. Важно е да се потенцира дека учесниците треба да подготват свои идеи. Според зборовите на претставниците од Државниот универзитет во Тетово, најавени се присуства на студенти од сите универзитети во Македонија, но и од регионот.

Последен пат изменето на Четврток, 18 Февруари 2016 10:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…