Студентката Елена Митовска од ЕТФ: Дружењето со колегите не завршува за време на паузите

Елена Митовска, студентка на Електротехнички факултет

1. Кој беше твојот главен предизвик во избор на твојата идна професија?

Живееме во свет во кој електричната енергија е неопходна за нормално функционирање на секој човек и таа потреба од електрична енергија постојано се зголемува, а ресурсите се намалуваат, па затоа сметам дека спасот на тој комфорен живот што го уживаме со технологијата лежи во зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија - токму тоа што одлучив да го студирам.

2. Кои се предностите на студирањето на УГД?

Предност е што не мора да патувам во друг град за да студирам и што не мора да се одделам од фамилијата и пријателите, а секако и добрата настава и пракса што ја нуди факултетот.

3.Кога би можел да направиш некоја промена за подобар квалитет на студентскиот живот, која би била таа промена?
Искрено мислам дека студентите се премногу пасивни за активности надвор од наставата на нивните факултети, бидејќи мислат дека нема доволно обуки, работилници и курсеви поврзани со темите што тие ги студираат и ги интересираат, но не е така, и универзитетот е отворен за дополнителни едукативни предавања, обуки и работилници. Само се потребни желба и активираност на студентите.

3. Кој е твојот најинспиративен професор?

Електротехничкиот факултет располага со релативно одлични професори кои имаат доста работно искуство и во земји надвор од Македонија и имаат работено на различни образовни системи и се приспособуваат и се разбирливи во однос на потребите на студентите. Како најинспиративен професор за мене лично е професорот Влатко Чингоски, бидејќи умее да го извлече најдоброто од секој студент и секогаш е расположен да ни помогне и за проекти надвор од наставата.

5. Како се справуваш со тремата пред испит?

Никогаш немам трема пред испит или пред колоквиуми токму поради тоа што не чувствувам никаков страв од професорите. Знам дека тоа е само тестирање на сопственото знаење и не е ништо страшно. Може да се каже дека сум една од малкуте среќни кои немаат трема пред испит.

6. Како го поминуваш времето по предавањата, имаш ли некакво хоби?

Има толку многу работи што може да се прават. Сакам да возам велосипед, да играм тенис, да читам книги и многу други работи.

7. Колку според тебе е важно дружењето со колегите на паузите помеѓу предавањата?

Тоа е особено важно, според мене. На Електротехнички факултет секако дека повеќемина колеги се од машки пол и можам да кажам дека постои другарска хармонија помеѓу нас и никогаш не се делиме на групи од неколкумина, туку сите заедно одиме на кафе или ручек во околните ресторани на кампусот каде што имаме предавања.

Мило ми е што дружењето со колегите не завршува само за време на паузите на предавања, туки се дружиме и надвор од наставата.

8. Каде се гледаш себеси по пет години?

Моментално го слушам последниот семестар од студиите и се надевам дека до крајот на годината ќе дипломирам. Во тој случај, по пет години се гледам како работам на проект за производство на електрична енергија од некој нов обновлив извор на енергија во Македонија.

Последен пат изменето на Четврток, 17 Март 2016 11:16
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…