Приказ на предметите според таг: nauka
Научна студија од Филолошки факултет го проучува совладувањето на странски јазици
Бројни студии покажаа дека изучувачите на странски јазици можат да го збогатат својот речник преку читање. Целта на оваа научна студија која е спроведена од проф. Нина Даскаловска од Филолошкиот факултет при УГД е да се истражат ефектите од читањето на автентична новела во здобивањето на неколку аспекти од спознавањето на странските зборови: спелување, значење и колокација.
(Видео) Што можат математичарите да направат за вас?
Математиката може да се применува насекаде, во сите пори на општественото и економското живеење, ова беше еден од заклучоците на денешната трибина „Што можат математичарите да направат за вас“. Трибината беше организирана од страна на УГД, а на неа имаа можност професори и експерти преку научно – популарни предавања да презентираат зошто и како можат математичарите да придонесат за развој на општеството и економијата.
(Видео) Дебата: Политики на образование – квалитет наспроти квантитет во високото образование
Дебатата го промени мислењето кај младите. Пред почетокот на вчерашната дебата на Правниот факултет присутните студенти гласаа и речиси сите сметаа дека квалитетот треба да биде пред квантитетот во високото образование, но по гласањето поголем дел од присутните студенти гласаа дека квантитетот треба да биде пред квалитетот во креирањето на образовните политики. Дебатата се одржа на Правниот факултет и на неа учествуваа два тима од студенти.
Петстотини студенти од Македонија и регионот ги претставија најновите достигнувања во медицината на Симпозиум на УГД
Околу петстотини студенти од медицинските факултети во Македонија и надвор од неа денеска ги презентираа своите научни трудови од областа на медицината на првиот Меѓународен студентски симпозиум. Симпозиумот се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД.
Реализација на проектни активности во рамките на програмата Еразмус плус
Проектните активности во рамките на Еразмус плус проектот Developing OER and Blended Modules for Agriculture and Rural Development, Erasmus+ KA202 Project, број на проектот: 2015-1-MK01-KA202-002855; веб: http://www.oer-ard.mk, се организираат и реализираат интензивно преку размена на знаење и практично искуство со земјите партнери: Земјоделскиот универзитет во Пловдив и Медитеранскиот агрономски институт во Ханија, Грција.