(Видео) Што можат математичарите да направат за вас?

Математиката може да се применува насекаде, во сите пори на општественото и економското живеење, ова беше еден од заклучоците на денешната трибина „Што можат математичарите да направат за вас“. Трибината беше организирана од страна на УГД, а на неа имаа можност професори и експерти преку научно – популарни предавања да презентираат зошто и како можат математичарите да придонесат за развој на општеството и економијата. 

- Оваа акција е поддржана од страна на COST програмата за соработка помеѓу истражувачите, научниците и индустријата, а се однесува на прашањето „што можат математичарите да направат за вас?“ Ние бевме номинирани да бидеме дисеминатори на активностите од оваа акција. Како резултат на тоа УГД на отворен повик беше награден со можноста да го реализира овој настан и еве денес сме присутни на оваа индустриска работилница. Денес ќе има една серија на популарни предавања, не само од математичари, туку и од колеги кои што работат на индустриски проблеми и пред се инженери кои што ќе имаат за цел да ја приближат примената на математиката до широките народни маси, истакна деканката на ЕТФ проф. Д-р Татјана Атанасова Пачемска.

 Професори од повеќе факултети и институти оджраа популарни предавања со цел да ја популаризираат математиката и да ја доближат до самите студенти и млади луѓе.

- Имав привилегија да работам на реални проекти од индустријата. Секоја компанија мора да се обрати кон науката и науката и овие методи се неопходни за нов производ и иновација. Она што конкретно ќе го зборувам денес е за движење на роботи. Роботиката е интердисциплинарна и во добар дел мора да биде поставен фундаментот преку некој математички модел. Се разбира дека и останатите имаат улога, но контролата на движење добар дел е во математичка основа. Движењето на роботите се применува буквално секаде. Роботизираните машини би имале примена секаде. Тие денес се користат во авионска индустрија. Контролата на движење сме примениле за производство на машина која произведува делови за сателити кои моментално се во орбитата, вели Игор Димовски од Институтот за современи композити и роботика од Прилеп.

На работилницата беа присутни и професори од факултетот во Скопје кои пак работат на примената на најсовремените наноматеријали во секојдневието.

Моето предавање е поврзано со примена на математиката во техничките науки. Конкретно за една работа која е хит во светот. Се работи за математички модел за пресметување на број на слоеви за материјалот кој е број еден во светот – графен. Тоа е високоприменлив материјал кој е поцврст од дијамант, има голема флексибилност и голем проводник. Во индустријата веќе има примени. Има тениски рекети со графен, се подобруваат преформансите на графенот. Се очекува мобилните телефони да се наполнат за пет секунди, изјави Бети Андоновиќ, вонреден професор на технолошко – металуршки факултет во Скопје

Значењето на математиката е несомнено, според зборовите на присутните во наредните неколку години само во ЕУ ќе има потреба од околу 2.8 милиони работници кои имаат способности од математика.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 16:21
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…