Реализација на проектни активности во рамките на програмата Еразмус плус

Проектните активности во рамките на Еразмус плус проектот Developing OER and Blended Modules for Agriculture and Rural Development, Erasmus+ KA202 Project, број на проектот: 2015-1-MK01-KA202-002855; веб: http://www.oer-ard.mk, се организираат и реализираат интензивно преку размена на знаење и практично искуство со земјите партнери: Земјоделскиот универзитет во Пловдив и Медитеранскиот агрономски институт во Ханија, Грција.

Дел од работниот тим од Земјоделскиот факултет и Факултетот за информатика, заедно со колегите од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието како и претставници на Федерацијата на органски производители во Македонија, беа во неколкудневна посета на Ханија, со цел размена на знаење во областа на органското производство, како и имплементација на информатичките системи во заштитата на растенијата.

Планот во реализација на идеално софтверско решение богато со информации во насока на подобрување на производните капацитети на една култура на сметка на намалување на хемиските третмани или користење на најсоодветните пестициди во заштитата на растенијата продолжи на Аграрниот универзитет во Пловдив.

Колегите од Пловдив направија богата програма во комбинација на теоретски и практични искуства, преку организирана посета на органски производствени капацитети (лозови насади и пчеларник).

За реализација на идеите поставени како цели во проектот, активностите ќе продолжат со понатамошна заедничка средба во мај, повторно на Универзситетот во Пловдив, со цел изработка на софтер и информативен материјал на ниво на култури, органско производство, како и примена на мерки за заштита на растенијата.

Последен пат изменето на Среда, 20 Април 2016 11:24
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…