Петстотини студенти од Македонија и регионот ги претставија најновите достигнувања во медицината на Симпозиум на УГД

Околу петстотини студенти од медицинските факултети во Македонија и надвор од неа денеска ги презентираа своите научни трудови од областа на медицината на првиот Меѓународен студентски симпозиум. Симпозиумот се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД.

- На Симпозиумот ќе има околу 30 усни презентации, а како пленарни предавачи ќе има еминентни предавачи од медицината кои доаѓаат од Америка, двајца професори од Романија и професори од Бугарија. Ова е одлична можност да видат во која насока се одвиваат научноистражувачките работи на нашиот факултет и да се види квалитетот и потенцијалот на нашите студенти. Имаме различни теми, од радиофармација, дизајн на лекови, од медицината се застапени теми од кардиологија, хирургија итн. Студентите се од Македонија, Бугарија, Грција и од Србија - истакна деканот на Факултетот за медицински науки проф. д-р Рубин Гулабоски.

Голем број студенти беа заинтересирани за учество на Симпозиумот. Од овој настан ќе излезе и зборник на трудови кој ќе биде објавен и онлајн.

- За нас беше голем предизвик да организираме еден ваков настан на којшто ќе ги споиме нашите знаења од медицинските, биомедицинските и природните науки, како со наука така и со дружење со колегите - рече Михаил Александров, еден од студентите организатори на овој настан.

Ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев го поддржа одржувањето на овој настан и потенцираше дека ваквите настани треба да бидат почести на Универзитетот „Гоце Делчев“.

Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 11:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…