Научна студија од Филолошки факултет го проучува совладувањето на странски јазици

Бројни студии покажаа дека изучувачите на странски јазици можат да го збогатат својот речник преку читање. Целта на оваа научна студија која е спроведена од проф. Нина Даскаловска од Филолошкиот факултет при УГД е да се истражат ефектите од читањето на автентична новела во здобивањето на неколку аспекти од спознавањето на странските зборови: спелување, значење и колокација.

Освен тоа, студијата имаше за цел да го утврди влијанието од читањето врз здобивањето на делумно и подлабоко спознавање на зборовите, како и врската помеѓу фреквенцијата на користење на зборовите и нивното проучување.

Резултатите од студијата покажаа дека има значително подобрување во сите три аспекти на спознавањето на странските зборови.

Мерните инструменти открија поголемо парцијално отколку длабинско спознавање на значењето на зборовите и нивните колокации.

Најдобри резултати при учењето на зборовите во сите три аспекти на нивното спознавање има доколку тие се среќаваат 11 до 20 пати во еден текст.

Заклучокот на студијата препорачува дека инкорпорирањето на програми за изучување на јазикот преку читање може да влијае за значително подобрување на вокабуларот на изучувачите на странскиот јазик.

Целата студија може да се најде на овој линк.

Последен пат изменето на Вторник, 26 Април 2016 11:39
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…