Приказ на предметите според таг: nauka
Бесплатен пристап до сите светски научни трудови благодарение на Робин Худ во науката
Научник од Русија, Александра Елбакјан поставила повеќе од 48 милиони научни трудови (речиси сите рецензирани научни трудови во светот) бесплатно за онлајн користење. Таа одбива да го затвори својот веб-сајт и покрај одлуката на судот да го стори тоа.
На повидок сензационално откритие во нуклеарната физика
Тим од јапонски научници го објави откритието на тетранеутронот, честичка која се состои од само четири неутрони, без протони. Според класичната теорија на нуклеарната физика, ваква честичка воопшто не би требало да постои, затоа што теоретски ваква честичка воопшто не би можела да се одржи во живот, бидејќи е нестабилна, па според тоа не би можела ниту да постои.
(ВИДЕО) Научниците го потврдија присуството на Ајнштајновите гравитациони бранови
Меѓународни научници официјално го најавија присуството на првиот директен доказ за постоењето на гравитационите бранови, предвидени од Алберд Ајнштајн пред сто години. Тие претставуваат немири во вселенскиот време-простор, одек и доказ за процеси во најоддалечените места во универзумот.
Недостатокот од сон води до опседнатост со Фејсбук
Во неодамна објавена студија научници од Калифорнија докажаа дека недостатокот на сон, нешто што е честа појава кај младите луѓе и студентите, води до почести онлајн активности како што е проверувањето на Фејсбук.
Бебињата разликуваат бои уште пред да почнат да го разбираат јазикот
Јапонски научници потврдија дека бебињата на возраст од пет до седум месеци имаат претстава за боите дури пред да почнат да го разбираат говорот. Долго време се веруваше во теоријата дека јазикот ги дефинира нашите перцепции. Перцепцијата на бои исто така спаѓа во оваа теорија, затоа што ние ги користиме имињата на боите во секојдневната комуникација.