Бесплатен пристап до сите светски научни трудови благодарение на Робин Худ во науката

Научник од Русија, Александра Елбакјан поставила повеќе од 48 милиони научни трудови (речиси сите рецензирани научни трудови во светот) бесплатно за онлајн користење. Таа одбива да го затвори својот веб-сајт и покрај одлуката на судот да го стори тоа.

Сите што не го знаат сајтот, а имаат потреба од научен труд кој може да го добијат бесплатно, станува збор за веб-сајтот Sci-hub и функционира како Pirate Bay за наука. Сајтот функционира одамна и е поставен од страна на Александра Елбакјан, која била фрустрирана затоа што не можела да си ги дозволи сите научни трудови што ѝ требале. И покрај наредбата, Александра одбива да го затвори сајтот отворајќи светска дебата за тоа кој ја поседува науката.

Плаќање 32 долари за еден труд во ситуација кога треба да прегледам стотици трудови во едно истражување е навистина надвор од логиката. На сите треба да им биде достапно знаењето, независно од нивниот буџет или професија. Тоа е апсолутно легално вели Александра

Интересен е и трендот што голем дел од научните трудови станаа премногу скапи и многу светските универзитети престанаа да ги користат. Такви примери се универзитетите Харвард и Корнел. Дебатата за рецензираните трудови во светот е актуелна многу одамна и многумина се согласни дека овие научни списанија придонесоа многу за развојот на науката, но со обврската научниците задолжително да објавуваат трудови почна да се доведува во прашање квалитетот на научните трудови.

Сајтот за бесплатни научни трудови сѐ уште е активен, а според зборовите на Александра Елбакјан, таа нема намера да престане да работи на сајтот.

Последен пат изменето на Петок, 12 Февруари 2016 13:40
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…