Пред 1,3 милијарди години две црни дупки се спојуваат и создаваат дилеми кои достигнаа до Земјата на 14 септември 2015 година. Тука тие се пресретнати од посебна техника на Американската национална научна фондација (АННФ). „Тоа носи нов поглед врз небото, кој ќе го прошири нашето разбирање за вселената и ќе доведе до неочекувани откритија”, изјави Франс Кордоба, директор на АННФ кој го спореди откритието со одлуката на Галилео Галилеј да го насочи телескопот кон ѕвездите.
Феноменот е пресретнат преку два подземни детектора лоцирани во САД и создадени да ги ловат малите вибрации кои минуваат низ гравитациони бранови. Проектот, финансиран од АННФ, е познат како Ласерска интерферометрична гравитационо-бранова опсерваторија (LIGO). Од септември научниците ги потврдуваат податоците пред да ги објават вчера.
Гравитационите бранови се мерка за истегнување во вселената. Тие се ефект од движењето на големи маси кои го поставуваат ткивото на време-пространството – погледот на вселената и времето како единствен и поврзан континуитет. Брановите се движат со брзина на светлината и не можат да бидат запрени и блокирани од ништо. Според Ајнштајн време-просторот може да биде спореден со протегната мрежа која се наведнува од тежината на даден објект. Гравитационите бранови се како осцилација врз водената површина, кога во неа ќе падне камче или друго нешто ќе ја допре. До овој момент научниците успеваа да го пресметуваат присуството на гравитациони бранови, но никогаш не гледале директно во такви.
Според Дејвид Шуумејкер, шефот на LIGO, овој сигнал е токму она што научниците очекувале да го видат, врз основа на гравитационата теорија на Ајнштајн од 2016 година. „Звучната форма изгледа како чуруликање. Таа започнува во басовите, 20 или 30 херци, како тон од бас гитара и само за секунда стигнува до 150 херци“, објасни Шуумејкер. Тоа одговара на движењето на орбитите на две црни дупки кои се приближуваат сè побрзо и на крајот се претвораат во еден објект, додава научникот. Двата технички комплекси кои го сретнаа феноменот се наоѓаат на 3.000 километри еден од друг, што ја потврдува неговата природа.
Откритието е фундаментално, бидејќи црните дупки не емитуваат никаква светлина, а сегашните астрофизички алатки се засновани на потпирање на светлината. Новите податоци и новоформираните сознанија се поле за истражување и можат да помогнат да се објасни формирањето на галаксиите и други големи материјални објекти во универзумот дополнува Шуумејкер