Бебињата разликуваат бои уште пред да почнат да го разбираат јазикот

Јапонски научници потврдија дека бебињата на возраст од пет до седум месеци имаат претстава за боите дури пред да почнат да го разбираат говорот. Долго време се веруваше во теоријата дека јазикот ги дефинира нашите перцепции. Перцепцијата на бои исто така спаѓа во оваа теорија, затоа што ние ги користиме имињата на боите во секојдневната комуникација.

Преку бројни студии на лексиконите на боите низ светските јазици, категоричната перцепција на боите се смета дека е под силно влијание на јазикот. Така, дали јазикот влијае врз нашата перцепција на боите е дебата која трае долги години.
Новата јапонска студија покажува дека боите и нивните категории можат да бидат перципирани независно од јазикот, барем во првите месеци од животот, кога кај бебето се оформува визуелниот систем.

Испитани се бебиња од пет до седум месеци за да се покаже дали мозочната активноста се менува при прикажување на различни бои.

Доказите покажаа дека мозочната активност се зголемува во голема мера кога на бебињата им се прикажуваат сина и зелена боја, додека на нијансите на овие бои немало некаква посебна промена во мозочната активност кај бебињата.

Промената на мозочната активност е забележана во десната мозочна хемисфера.

Бидејќи за процесирањето на јазикот, кај повеќето возрасни луѓе е одговорна левата мозочна хемисфера, оваа промена на мозочната активност во десната хемисфера при перципирањето на боите нема никаква врска со јазикот и неговото разбирање, велат јапонските научници.

Како што заклучуваат тие во нивната студија објавена неодамна во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, перцепцијата на боите се развива независно од совладувањето на јазикот.

Извор: www.sciencedaily.com.

Последен пат изменето на Четврток, 11 Февруари 2016 11:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…