На повидок сензационално откритие во нуклеарната физика

Тим од јапонски научници го објави откритието на тетранеутронот, честичка која се состои од само четири неутрони, без протони. Според класичната теорија на нуклеарната физика, ваква честичка воопшто не би требало да постои, затоа што теоретски ваква честичка воопшто не би можела да се одржи во живот, бидејќи е нестабилна, па според тоа не би можела ниту да постои.

Дури една студија од 1965 година тврди дека е невозможно да се пронајде тетранеутрон. Јапонските научници во новата студија покажуваат дека оваа невозможна честичка сепак е можна.

Нуклеарниот физичар Петер Шук од Францускиот национален центар за научни истражувања изјавил дека доколку сепак се потврди тврдењето на јапонските научници за постоењето на оваа честичка, тогаш нивната студија ќе биде сензационално откритие.

Доколку истражувањата се потврдат, тоа ќе внесе значајни промени во размислувањето за нуклеарните сили. Истражувањето би требало да биде објавено во списанието „Physical Review Letters“.

Целото истражување можете да го прочитате на следниов линк.

Последен пат изменето на Петок, 12 Февруари 2016 13:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…