Кога спиете помалку вие сте поподложни на дефокусирање на вниманието. Тогаш одите на Фејсбук. Лесно е, не оптоварува, а вие сте уморнивели Глорија Марк, професор по информатика од Калифорнија
Направени се многу студии кои покажуваат како технолошките уреди влијаат врз сонот. Она што овие научници го направија е целосно спротивно: како времетраењето на сонот влијае врз користењето на технолошките уреди и интернетот.
Истражувањето беше направено на 76 испитаници во времетраење од седум дена. Сите испитаници беа студенти.
Нивните компјутери и паметни телефони беа опремени со софтвер кој ги забележува активностите што тие ги имаат за време на користењето на уредот. Потоа испитаниците требаше да пополнат прашалник за времето на спиење и нивното дневно расположение, и тоа два пати дневно – наутро и навечер.
Резултатите покажаа директна врска помеѓу хроничниот недостаток од сон, влошеното расположение и склоноста кон опсесивното сурфање на Фејсбук.
Накратко, колку помалку спиеле испитаниците, толку повеќе го пренасочувале нивното внимание од еден на друг уред, при што најчеста активност била проверувањето на Фејсбук.
Извор: www.sciencedaily.com.