Приказ на предметите според таг: studenti
Васко Стојаноски: Животни цели ми се патувањето и изучувањето јазици
Запишувањето на Универзитет „Гоце Делчев“ ми овозможи остварување на моите две животни цели: изучување на јазиците и патување. Ги изучувам англискиот, германскиот, шпанскиот, францускиот и италијанскиот јазик. Минатата година за првпат ја посетив Америка, каде што се стекнав со неверојатни искуства. Покрај тоа, посетив многу европски земји. Неодамна ја посетив Турција, а како следна дестинација оваа седмица ќе патувам за Австрија.
Дали е ова иднината на патувањето?
Јапонија е позната по својата хармонија помеѓу технологијата, дизајнот и природата. Исто така има неверојатна железничка мрежа која го поседува најбрзиот воз во светот. Па затоа, можеби не е големо изненадување тоа што јапонската железничка мрежа е среде дизајнирање на експресен воз кој совршено се вклопува со неговата околина.
Се бара иновативна студентска идеја за справување со глобалното затоплување
Најиновативната идеја за справување со глобалното затоплување ќе биде наградена со 10.000 американски долари, од кои 90% ќе бидат искористени за реализирање на идејата. Ова е дел од предизвикот за студенти кој е објавен од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
(ВИДЕО) Студентска дебата: „Позитивни и негативни страни на мигрантската криза во Европа“
Студентите од Правниот факултет при УГД денес дебатираа меѓусебно на темата „Позитивни и негативни страни на мигрантската криза во Европа“. На оваа јавна дебата студентите ги анализираа аргументирано сите страни на овој комплексен проблем со кој се соочува Европа, но и Македонија.
Студентите од УГД на дебата за предизвиците на ЕУ
По повод одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа, студентите од Правниот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип учествуваа на Државниот натпревар по ораторски вештини. Студентите Иван Николов, Љупка Трајкова и Елена Орцева говореа на темата „Долго време пред портата на Европската унија: каде е клучот?“.