Останатите членови на Клубот на оратори „ROSTRA VETERA“ дебатираа на темата „Чекајќи ја европската интеграција: иселување од државата или борба за подобри можности на младите”, нудејќи решенија за овој голем проблем. Оваа година домаќин беше Универзитетот „Св. Климент Охридски” во Битола. На студентската манифестација учествуваа студенти од поголемите универзитети во нашата држава. Настанот се организира веќе десет години, а досега домаќини беа речиси сите универзитети. По победата на студентот Кристијан Панев, минатата година домаќин беше и Универзитетот „Гоце Делчев“.
Оваа манифестацијата претставува солидна платформа за дебатирање на студентите за Европската унија, за проширување на европските вредности и воочување на младинските перспективи.