Студентите од сите години на Правниот факултет беа поделени во два тима, едните кои тврдеа дека мигрантската криза има повеќе негативни од позитивни страни, а другиот тим токму спротивното. Во тимот на афирмативците, односно оние кои сметаат дека миграцијата треба да биде дозволена и да се пропуштаат мигрантите, учествуваа Сања Саздова, Мануела Велкова и Ивана Коцева, а во негативниот тим учествуваа Љупка Спирова, Александра Трајкова и Трајче Арсов.
Дебатата ја модерираше студентката Мартина Георгиева.
Дебатата беше под менторство на професорот д-р Страшко Стојановски.