Поучени од искуството со минатогодишниот предизвик и согледувајќи ги предностите од поголема соработка со академскиот сектор, оваа година партнерите на климатскиот предизвик би сакале да воспостават поблиска соработка со заинтересираните студенти кои можат да аплицираат со своја иновативна идеја или да се вклучат како поединци/групи и поддршка за изработка на одреден прототип кој ќе биде од интерес за нив.
Поканети се сите студенти да достават предлози за иновативни проекти насочени кон сеопфатна цел на „урбана отпорност“ за: борба против климатските промени, намалување на загадувањето, заштита на зелените површини, намалување на цврстиот отпад.
Работилницата за детално појаснување на овој проект ќе се одржи на 17 мај 2016 година (вторник) во просториите на Кампус 2 (свечена сала на Земјоделски факултет при УГД) во 12 часот.
Се покануваат сите заинтересирани студенти да присуствуваат на интерактивната работилница на којашто ќе се информираат за поимите климатски промени и урбана отпорност, за правилата на натпреварот, како и за генерирање идеи кои би можеле да се пријават.
Детали за настанот можат да се најдат на следниов линк http://odtebezavisi.mk/home/