Дали е ова иднината на патувањето?

Јапонија е позната по својата хармонија помеѓу технологијата, дизајнот и природата. Исто така има неверојатна железничка мрежа која го поседува најбрзиот воз во светот. Па затоа, можеби не е големо изненадување тоа што јапонската железничка мрежа е среде дизајнирање на експресен воз кој совршено се вклопува со неговата околина.

„Невидливиот воз” е наречен црвена стрела (Red Arrow) и е дизајниран по повод 100 години постоење на јапонската железничка компанија „Сеибу железници“ (Seibu Railways). Познатата архитектка Казујо Сеџима е овластена да го дизајнира концептот за овој воз. Ова ѝ е прв обид во дизајнирање возови, таа има големо искуство во дизајнирање на објекти со сличен рефлектирачки стил.

Секако, возот нема да биде навистина невидлив, туку со помош на технологијата и со користење на полурефлективни површини и полутранспарентен материјал ќе ја одразува околината. Овој воз е предвиден да минува низ различни подрачја со различни пејзажи, почнувајќи од планинските предели па сѐ до центарот на Токио.

Иако проектот во моментов сѐ уште е како концепт, во летото 2018 година се очекува седум од овие возови да се најдат на шините. Секако „невидливиот воз” може да претставува и сигурносен проблем, бидејќи дури и видливите возови знаат да направат проблеми за возачите на автомобили кои не ги гледаат тие возови, па се случуваат тешки несреќи. Останува надежта дека возот ќе биде кренат над нивото на улиците.

Автор на текстот е Славица Стојменова, студентка на Машински факултет

Последен пат изменето на Вторник, 10 Мај 2016 11:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…