Приказ на предметите според таг: studenti
Стипендии за изучување на германскиот јазик
„Слободна држава – Баварија“ распишува Конкурс за бесплатни курсеви по германски јазик во 2016 година. Покрај платениот курс, стипендијата ќе ги покрие и сместувањето и трошоците за храна на новите изучувачи на германскиот јазик.
„Гугл“ организира хакатон во Македонија на кој може да учествуваат сите студенти
Државниот универзитет во Тетово заедно со компанијата „Гугл“ организираат студентски хакатон на кој ќе можат да учествуваат студенти од цела Македонија на сите студиски програми. Станува збор за настан кој ќе биде поддржан од „Гугл“ и воедно на настанот ќе се презентираат можностите на оваа компанија.
Министерството за здравство со Јавен оглас за специјализации
Министерството за здравство објави Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација или супспецијализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година.
Обука за судско говорништво и правна аргументација
Центарот за доживотно учење при Универзитетот „Гоце Делчев“ распишува Повик за обука за судско говорништво и правна аргументација. Со пријавувањето и завршувањето на оваа еднодневна обука учесниците ќе се здобијат со теоретски и практични вештини во областа на судското говорништво и правната аргументација.
Пријавете се за УГД спортските лиги
Универзитетот „Гоце Делчев“ и оваа година организира универзитетски спортски лиги во кои учествуваат студентите. Сите студенти можат да се пријават да учествуваат во следниве лиги: