Приказ на предметите според таг: studenti

Инфо клуб – Штип организира бесплатна обука за соодветно пишување на кратка биографија (CV) и мотивациско писмо. Оваа обука има за цел да им обезбеди знаења на младите луѓе за тоа што претставува CV, како се креира и што е мотивациско писмо. Обуката ќе има и дел кој ќе ги подготвува учесниците и за интервју за работа.

Објавено во Студенти

Бругел е европска тинк-тенк организација којашто специјализира во полето на економијата веќе подолго од 11 години. Нејзината мисија е да го подобри квалитетот на економската политика со отворени истражувања, анализи и дебати.

Објавено во Студенти
Понеделник, 15 Февруари 2016 00:00

Американски лекари ќе држат предавања на УГД

На 17 февруари (среда) со почеток во 12 часот, во Свечената сала на Кампус 2 (Земјоделски факултет), двајца реномирани американски лекари, кои се дел од проектот „Macedonia-US Physician Project“ на Министерството за здравство, ќе одржат интерактивни предавања пред студентите на ФМН.

Објавено во Студенти

Овој онлајн курс за односите меѓу Европската унија и Русија е наменет за сите студенти и истражувачи кои се интересираат за меѓународните односи, меѓународната политика и право. Целта на курсот е да им даде знаење на учесниците за различни аспекти на меѓународната соработка на ЕУ и Русија.

Објавено во Студенти

Преку серија текстови ќе се обидеме до студентите да ги доближиме нивните права и обврски во текот на студирањето. Преку „Права и обврски на студентите“ ќе пишуваме за различни теми, за тоа каков е системот во кој студираат, која е нивната оптовареност, што значат кредитите, а што бодовите за испити итн. Во овој прв текст ќе ве информираме за кредит-трансфер системот.

Објавено во Студенти
Страница 61 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…