Приказ на предметите според таг: studenti

Понеделник, 08 Февруари 2016 00:00

Млади: Вие сте чувари на демократијата

„Youth Democracy Watch - Младите, чувари на демократијата“ е проект на Меѓународната фондација „Борис Трајковски“, поддржан од Амбасадата на САД. Целта на проектот е да го зголеми учеството на младите во демократскиот живот и демократските процеси.

Објавено во Студенти
Понеделник, 08 Февруари 2016 00:00

Зошто се иселуваме?

„Зошто се иселуваме – дел 1: факти“ е курс кој нуди вовед во условите и статусот на бегалците и нелегалните мигранти низ светот. Преку дискусија за конкретни примери ќе се открие дилемата на хуманитарната заштита и нелегалното мигрирање поради потрага по слобода. Курсот ќе биде базиран на видео-предавања, дидактички видеа и приказ на интервјуа со интернационални експерти.

Објавено во Студенти

Американското катче во Штип на сите заинтересирани им нуди можност да ги научат техниките на самостојно правење компјутерски фонт. Овој курс за креирање на сопствен, уникатен фонт ќе го води Александар Стеванов, млад уметник и стрип артист од Штип, кој повеќе пати е меѓународно наградуван за креирање на уникатни фонтови.

Објавено во Студенти
Сабота, 06 Февруари 2016 00:00

Летна школа за менаџмент во Германија

Меѓународната летна школа за менаџмент, која ќе се одржи во Хамбург од 18 до 29 јули 2016 година, е дизајнирана да ги тренира младите луѓе и студените за корпоративна етика, социјална одговорност и да стимулира дебата за актуелните предизвици. Ова е можност за сите студенти кои се на бизнис-администрација, економија, социологија и политички науки.

Објавено во Студенти

Холандската амбасада во Македонија бара студент или неодамна дипломирано лице за пракса во период од шест месеци (март-август 2016 г.). Лицето за пракса ќе работи во полето на политички и правни истражувања и ќе асистира при имплементација на активности од полето на правото и политиката.

Објавено во Студенти
Страница 63 од 78
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…