Истражување за моќта на позитивниот говор

Повеќето луѓе во светот гледаат на животот од посветлата страна или, во најмала рака, користат позитивни и ведри изрази.

Неодамнешно истражување кое заедно со своите колеги го спроведе стручњакот за обработка на податоци Питер Додс од Универзитетот Вермонт откри дека во светските јазици постои една универзална наклонетост кон позитивните зборови.

Додс и неговиот тим собраа повеќе од милијарда зборови од десет јазици и 24 извори: книги, вести, социјални мрежи и притоа идентификуваа 5.000 зборови кои најчесто се користат во секој од тие јазици. Кога од луѓето се бара да ги оценуваат зборовите со оценки од еден до девет на скала која ги категоризира зборовите од „среќни“ до „тажни“, резултатите беа повеќе позитивни отколку негативни.

Сепак, кога зборовите се преведени на други јазици, луѓето слично ги оценувале.

Марк Либерман, лингвист од Универзитетот во Пенсилванија, вели дека Додсовото истражување кое опфатило голем број податоци уште еднаш ги потврдува претходните проценки дека луѓето имаат тенденција кон позитивното.

Според ова истражување, најчесто користени среќни зборови на светско ниво се: „смеа“, „совет“ и „тајна“, а најчесто користени тажни зборови се „главоболка“ и „терорист“.

Кога станува збор за зборовите кои се среќаваат на социјалните мрежи и на веб-страниците, истражувањето покажува дека шпанските веб-страници користат најпозитивни изрази, а по нив следуваат англиските и кинеските веб-страници.

Последен пат изменето на Среда, 20 Април 2016 11:19
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…