Папагалите комуницираат на дијалекти?

Папагалската способност за комуникација е многу поразвиена отколку што се мислело.

Овие шарени птици, всушност, говорат на дијалект.

Биологот Тимоти Рајт, заедно со својот тим од Државниот универзитет во Ново Мексико, користел ултразвук за споредување на вокализациите на амазонските папагали кои летаат над Костарика. Откриено е дека сите птици користат одреден повик заради одржување на контактот со другите припадници на јатото, но акустичката структура на тој повик се менува во зависност од подрачјето на кое тие се наоѓаат. Кога некоја птица ќе слушне локален дијалект на друга птица, таа ја менува својата вокализација за да се приспособи.

Заклучоците од истражувањето кое беше спроведено лабораториски се дека луѓето и папагалите слично учат да артикулираат. И едните и другите слушаат и потоа го повторуваат слушнатото. Релативно мал број животни ја развиваат комуникацијата на овој начин. Оваа карактеристика е, можеби, и причината поради која папагалите се омилени куќни миленичиња.

Во дивината папагалите формираат цврсти врски во парови и развиваат друштвени системи, кога се во кафез тие се обидуваат да ја обноват таа врска преку имитирање на луѓето кои се во нивна близина.

На папагалите им е многу важно да звучат како другите. Кога звучите како другите тоа значи дека сте припадник на нивната група.вели Рајт во еден од заклучоците од ова истражување
Последен пат изменето на Четврток, 21 Април 2016 12:08
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…