Научници направија батерии што траат 400 пати подолго

Еден неочекуван резултат од експеримент ги доведе научниците од Универзитетот во Калифорнија до систем кој би можел да направи нови батерии кои траат 400 пати повеќе од сегашните.

Иако и новите батерии ќе треба да се полнат, големата разлика е во тоа што ќе продолжат ефикасно да работат преку 200.000 циклуси на полнење, што е прилично многу кога станува збор за телефони, компјутери, автомобили, па дури и вселенски летала. Научниците сѐ уште не се сигурни како точно функционира системот. Првичната цел на експериментот им била да направат батерија која наместо течност ќе користи електролитен гел за да го задржи полнежот (литиумските батерии содржат течност што ги прави исклучително запаливи и осетливи на температура). Но, кога почнале да експериментираат со златни наножици обложени со манган оксид во електролитен гел откриле дека системот е неверојатно издржлив. Всушност, поиздржлив од кој бил друг батериски систем.

Колгу повеќе ги користите, односно колку повеќе ги полните батериите, толку повеќе се намалува нивната ефикасност. По неколку стотици циклуси на полнење, тие содржат само мала количина на полнеж. Можеби сте го забележале ова ако имате малку постар лаптоп или телефон.

Но, тестирањата покажале дека овој нов систем може да издржи 200.000 циклуси на полнење во рок од три месеци и да изгуби само 5% од својот капацитет. Ова е навистина неверојатно.

Но, научниците велат дека овој систем сѐ уште не е батерија и не знаат дали ќе ја задржи ефикасноста кога ќе се направи во доволно мали размери за да може да се користи во телефоните или лаптопите.

Другата лоша вест е тоа што батериите кои користат злато ќе бидат скапи, без разлика на тоа колку се мали наножиците (илјадници пати потенки од човечкото влакно). Затоа научниците сега експериментираат со никел, за да видат дали можат да ги постигнат истите резултати.

Истражувањето е објавено во „Energy Letters“.

Извор: www.enauka.mk.

Последен пат изменето на Среда, 27 Април 2016 12:41
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…