Но што се случува со потценетото „откритие“ од светот на „Стар Трек“ - имагинарниот зрак на енергија кој може да придвижува предмети.
Научниците веќе имаат работено на модели кои придвижуваат мали објекти на мали растојанија со помош на светлината, но новото откритие наречено „tractor beam” или зрак на енергија го користи звукот како енергија која ги придвижува предметите.
Во едно истражување објавено неодамна во списанието „Nature Communications“, истражувачите откриле начин да изманипулираат одреден физички објект користејќи го она што тие го нарекуваат акустичен холограм.
Научните истражувачи искористија мрежа од мали звучници за да левитираат, ротираат или на кој било начин да изманипулираат мала топка кон воздухот.
Ова го направија преку програмирање на звучници кои праќаат интензивни звуци, кои пак креираат силно енергетско поле околу објектите.
На фотографиите се гледа еден од нивните модели на енергетски зраци кој придвижува мал објект околу мрежа. На фотографиите изгледа како објектот да го држи човечка рака, но всушност се работи за холограмот кој го објаснуваат научниците.
Другата варијација на нивниот модел вклучува креирање на ротирачки звучен конус кој ги впива малите предмети во центарот на енергетскиот зрак.