Студентите од трета, четврта или последна година на некој од ...
Филолошкиот факултет денес организираше работилница на која се
Yearly Edu Summit 2021 е четиридневен самит кој е организиран од
Факултетското студентско собрание на Факултетот за туризам и ...
Повеќе од 50 студенти од различни факултети при УГД и 10 ...
Факултетот за туризам и бизнис логистика при УГД и Шпаркасе ...

Приказ на предметите според таг: nauka

По покана на д-р Томас Каспари, директор на докторските студии за медицински науки (PhD) на Приватниот медицински универзитет „Парацелзиус“, Салзбург, Австрија, проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, одржа научно предавање на овој универзитет на тема „Менталното здравје во период на ковид-19 пандемијата“.

Објавено во Наука

Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип,  заедно со другите европски универзитети, членки на Советот на докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA- CDE), учествува во изработка на документ за новата визија за докторското образование во следните години во Европа.

По апликацијата за активно учество во фокус групите кои работат на посебни проблематики на овој документ, проф. д-р Ленче Милошева , редовен професор на Факултет за медицински науки, беше селектирана од страна на ЕUA-CDE за учество на овој настан како претставник од Република Северна Македонија.

Неодамна се одржа виртуелен настан на Советот на докторското образование на Европската асоцијација на универзитети, EUA-CDE Focus Group “Doctoral education in Europe: Where are we heading?”.

Дигитализацијатa, зелената транзиција, барањата за еднакви можности и различности, реформите во академското оценување, можностите за финансирање и промените во геополитичкиот контекст наметнуваат нови барања за реформи во европското високо образование, вклучително и докторските студии /образование.

Влијанието се чувствува во истражувачките практики, супервизиите, тренинг на вештини и истражувачка етика и интегритет, како и на организацијата и структурата на докторското образование.

Основните појдовни документи и материјали на кои работеа и ќе работат фокус групите и во следниот период се публикацијата на EUA-CDE „Докторското образование во Европа денес: структура и институционални структури“ како и истражувањето на EUA-CDE од 2021 год. Овие базични документи нудат некои дополнителни факти за тие промени и нови приоритети, вклучувајќи го покачениот фокус на постдокторските истражувачи.

Проф. д-р Ленче Милошева, како учесник во фокус групите, работеше на одредување на главните придвижувачи на иднината на докторското образование и артикулирање на базичните прашања со кои ќе се сретне академската заедница во Европа во следните години.

На работниот состанок фокус групите работеа на три паралелни сесии кои покриваа три главни поглавја на важни прашања.

Првата паралелна сесија беше насловена „Преглед на надворешни придвижувачи“ со главен фокус на: дигитализација; очекувања за идни вработувања и кариери на докторандите и истражувачите; одржувачките развојни цели и финансирање на докторското образование.

Втората пленарна сесија, насловена „Преглед на внатрешните придвижувачи со фокус на новите стратегии, структурата и организацијата на докторското образование“ ги опфати: организацијата и испорачувањето на докторското образование, истражувачка култура, етика и интегритет, публицирање и отворена наука; истражувачки придонес на докторандите и соработката во докторското образование.

Во третата пленарна сесија беа презентирани резултатите од фокус групите во однос на различни креирани сценарија за иднината на докторското образование во Европа.

Финалната верзија на официјалниот документ за новата визија на докторското образование ќе биде презентирана на годишната конференција на EUA-CDE во јуни 2022 година.

Објавено во Наука

Институтот за применета философија и етика при ФОН на УГД во соработка со Филозофското друштво на Македонија, а во рамките на идејата за претставување на незападни философски традиции, го одржа вториот вебинар, овојпат за руската философија.

На вебинарот учествуваа голем број философи и студенти кои беа заинтересирани да ја проследат идејата за руската философија и нејзиниот развој во светски рамки.

Вебинарот беше на тема „Руска философија: од краевите кон почетоците“, а говорник беше истакнатиот македонски философ и професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ д-р Трајче Стојанов.

Поздравно обраќање на настанот имаше и секретарот на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Игор Хопрјачков, а модератор професорот Кирил Трајчев.

Вебинарот поттикна голем интерес кај присутните, а се приклучија професори философи од различни делови на светот.

Вебинарот беше поддржан од Амбасадата на Русија во Северна Македонија.

Објавено во Наука

Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка. Ова го покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што оваа година го спроведе Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Објавено во Наука

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) организираше вебинар на тема „Кинеска философска традиција“.

Објавено во Наука
Страница 1 од 72
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…