Оваа акција е мотивирана од пандемијата и неизвесната економска криза, по иницијатива и организација на Славица Ристовска, претседател на Комисија за соработка и комуникација при Студентското собрание на ФТБЛ. Во заедничката соработка со македонската компанија „СТОКОМАК” се подготвени студентски пакети со основни прехранбени производи, со цел подобрување на студентскиот стандард. Оваа понуда ги вклучува сите кои се дел од Факултетот за туризам и бизнис логистика.
Повеќе информации на линкот: https://youtu.be/ZtnxIngdEvY