Боев со втор ректорски мандат: Квалитетот на наставата останува приоритет број еден

Подигнување на квалитетот во образованието ќе биде приоритет и во вториот мандат како ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на академик проф. д-р Блажо Боев.

- Би сакал да им изразам благодарност на членовите на ННС на единиците на УГД што ми ја дадоа довербата за наредниот мандат да го водам Универзитетот „Гоце Делчев“ и мислам дека во времето кое доаѓа ќе ја потврдам таа доверба и се надевам дека Универзитетот и понатаму ќе се движи во насока која значи развој, етаблирање на Универзитетот во системот на високото образование. Мислам дека сите вработени на УГД би требало во таква една прогресивна динамика на развој да имаат своја придобивка и бенефит во својот подобар и поквалитетен живот и кариера. УГД  и досега се движеше во една добра насока во делот на квалитетно образование на студентите и тие политики и понатаму ќе бидат доминантни во делот на УГД. По мојот избор за ректор следува конституирање на новите органи на Универзитетот, до 15 септември би требало да бидат завршени сите процедури. Досега се конституирани Универзитетскиот сенат, извршен е избор на ректор, сега ќе одат постапките за избор на декани на факултетите, проректори, генерален секретар и сѐ она што до 15 септември треба да го завршиме според новиот Закон за високо образование. Квалитетот на наставата, односно квалитетното образование на студентите е континуиран предизвик не само на нашиот Универзитет, туку за сите, бидејќи нема друга политика која може да биде важна за универзитетот, освен политиката студентите да добијат квалитетно образование, и таа политика и понатаму ќе биде пред сѐ – изјави ректорот Боев во својата прва изјава по изборот за ректор на УГД.

Боев најави и свртување кон интернационализацијата на Универзитетот, работа со странски студенти, воведување на студиски програми на англиски јазик, а важна активност ќе биде и научноистражувачката дејност, истражувањата, иновациите, развојот на нови знаења, технологии, и затоа на УГД се формира Центар за трансфер на технологии:

- Ќе се работи и на трансферот на знаењата кон стопанството, отворањето на нови работни места, старт-ап друштва,  спин-оф компании во рамките на УГД, од страна на вработените на УГД но и на студентите, така што една динамика на развој која следи во основа треба да направи квалитативен исчекор на Универзитетот во насока на пренесување на знаењата кои се стекнуваат на УГД во она што значи реален живот, отворање на нови работни места и подобар и поквалитетен живот.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 17 Јуни 2019 09:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…