Патентот на дедото на академик Цанков бил публикуван во десетина земји ширум светот како САД, Канада, Аргентина, Мексико, Куба, Костарика... На средба со ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, академик Цанков ги предаде во владение на УГД оригиналните документи од патентите на неговиот дедо. Академик Цанков беше импрeсиониран од развојот на УГД и од инфраструктурните и техничките услови во коишто функционира нашиот универзитет. Тој имаше само пофални зборови за УГД и за организираноста и екипираноста на Универзитетот, за кој рече дека има услови за работа какви што не видел на многу други познати светски универзитети.
Професор Цанков е член на 20-тина дерматолошки здруженија ширум светот, уредник на неколку научни списанија, автор на голем број научни трудови, а бил поканет пленарен предавач на стотина еминентни светски универзитети. Специјализирал дерматовенерологија во Париз, а во два мандати бил и декан на државниот Медицински факултет во Софија. На средбата со ректорот на УГД, проф. Цанков искажа пофални зборови за постигнувањата, работата и посветеноста на сегашниот ректор проф. д-р Боев и на првиот ректор на УГД, проф. д-р Саша Митрев. Наскоро се очекува да биде потпишан договор за соработка помеѓу УГД и Бугарската академија на науките.