(ВИДЕО) Проф. д-р Блажо Боев: Иднината на државата зависи од образованите луѓе и нивното знаење

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот говор по повод 10 години од основањето на Универзитетот истакна дека иднината на една земја не зависи толку од големината на нејзините вкупни приходи или таканаречениот БДП, ниту од убавината на разните градби, туку од бројот на образовани млади луѓе, од нивното знаење, карактерот што тие во себе го носат, односно од интелектуалниот потенцијал.

На свеченоста што се одржа вчеравечер, покрај силните пораки кои ректорот на Универзитетот ги упати до јавноста, студентите и академската заедница, присутните уживаа и во неверојатниот уметнички настап на виртуозот Влатко Стефановски и деканот на Музичката академија и еден од најдобрите џез музичари Тони Китановски, заедно со својот бенд. Публиката имаше можност да слушне одличен избор на џез музика со елементи од песните на Влатко.

Синоќа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, покрај Свечената академија и уметничкиот настап, имаше и презентација на победниците од Конкурсот за фотографија на УГД и изложба на слики од Ликовната академија. Со овие настани заврши централната прослава по повод 10 години Универзитет „Гоце Делчев“. Целосната прослава, која трае веќе десетина дена, ќе биде заокружена во недела (26.3.2017 г.) со велосипедската трка која ќе започне во 11 часот во населбата 8-ми ноември на булеварот „Партизански одреди“.
Во продолжение проследете го целосниот говор на ректорот на Универзитетот, проф. д-р Блажо Боев.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…