- Oвие десет години ги поминавме во исклучително напорна работа, во креативна работа во делот на зајакнувањето на нашите установи и знаете дека имаме 15 факултети, тоа бараше огромен ентузијазам и бараше огромна работа за да можеме тоа да го направиме. По 10 години сме горди на она што го направивме, УГД е респективна установа со солиден квалитет во делот на наставата и во делот на едукацијата на студентите, перспективна во делот на истражувањата и меѓународната соработка и мислам дека градот Штип и Република Македонија со оваа установа добиваат многу голем придонес во делот на квалитетот на високото образование во Република Македонија. Јас се надевам дека годините кои доаѓаат ќе го потврдат ова во уште поголема креативна насока и се надевам дека УГД во периодот што доаѓа ќе биде една од најреспектабилните установи во Република Македонија изјави ректорот Боев,потсетувајќи дека определбите во наредниот период ќе бидат подмладување на Универзитетот и влегување на поголема количина млади кадри кои имаат квалитетно образование независно дали е тоа на УГД, на други универзитети во Македонија или во светот. Тоа значи дека треба да бидат отворени вратите на УГД за млади кадри, за да може да се подигне квалитетот на високото образование на УГД, пред сѐ во делот на асистентите и на доцентите, со тоа би се извршило подмладување на Универзитетот, и во секој случај би се обезбедила солидна основа за подигнување на квалитетот на високото образование на УГД.
Во рамките на одбележувањето на 10 години на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип беше промовиран и Каталогот на изданија. Лилјана Колева-Гудева, претседател на Комисијата за издавачка дејноста на УГД-Штип, вели дека во Катaлогот се опафтени сите изданија на Универзитетот од 2007 до 2017 година.
- Овој Каталог на 356 страници ги содржи сите електронски изданија, меѓутоа и печатени изданија. Значи сѐ што е реализирано како издавачка дејност на Универзитетот за ова 10-годишно постоење. Јас ќе кажам една успешна приказна и низ призмата на издавачка дејност ние, всушност, ќе видиме како хронолошки се развиваше Универзитетот вели Колева-Гудева.
Дел од свеченостите беше и промоцијата на доктори на науки кои докторирале на УГД. Годинава беа промовирани седум доктори на науки, од кои шестмина присуствуваа на свеченоста. Новите доктори на науки на УГД се: Билјана Ковачевиќ, Викторија Максимова, Ванчо Аџиски, Владимир Маневски, Радмила Каранакова-Стефановска и Шабан Јакупи.
Славеничката атмосфера на УГД беше пренесена и низ градот Штип, со настап на студентите на Музичката академија на УГД. На плоштадот „Слобода“ настап имаа студентите од Одделот за џез студии, а на просторот пред штипскиот Музеј, студентите од Катедрата за етнокореологија.
Прославата на јубилејот „10 години УГД“ продолжува со Свечената академија, која ќе се одржи во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ со почеток во 19 часот, а половина час пред тоа во фоајето на Центарот за култура ќе биде отворена изложба на студентски фотографии.